Косово ја победи Чешка и се искачи на првото место во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Косово е хит во Европа. Оваа селекција денеска во Приштина, на домашен терен ја совлада Чешка со 2:1, и се искачи на првото место во групата А со осум бодови.

Сепак, треба да се има во предвид дека Англија има одиграно два меча помалку од Косово и има шест бода.

Почетокот на мечот не навестуваше ваков резултат, особено што Косово поведе со голот на Шик во 16. минута.

Сепак, Муриќи успеа да израмни до крајот на полувремето. Мергим Војвода во 67. минута успеа да донесе водство и еуфорија за домашниот тим во Приштина.