Други спортови
Косово со златен медал на Олимписките игри во Токио
Дистрија Красниќи му донесе медал од Олимписките игри на Косово откако во категоријата до 48 килограми во џудо, во финалето ја победи домашната натпреварувачка Фуна Тонаки. Ова е втор златен медал за Косово на Олимписките игри во историјата. Првиот го освои во 2016-та година кога Мајлинда Кељменди исто така во џудо во категорија до 52 килограми победи на Олимпијадата.