Connect with us

Фудбал

Ковач позитивен на коронавирус

Монако, 5 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Монако, Нико Ковач има коронавирус, а хрватскиот стручњак е само уште еден во низата позитиви на Ковид-19 во францускиот фудбал.

Според „Л’Екип“, покрај Ковач, со новиот вирус бил заразен и голманот Бенџамин Лекомт.

Реномираниот француски весник додава дека Ковач нема симптоми, но дека ќе мора да биде во изолација 14 дена.

Покрај двајцата „принцови“, короната претходно влезе и во Марсеј и во ПСЖ, кој има шест играчи позитивни на Ковид-19.

Меѓу нив се Нејмар, Анхел ди Марија и Мауро Икарди.

И покрај сите случаи, француската Лига 1 продолжува да се игра.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com