Поврзи се со нас

Кошарка

Кожув поразен со 21 поен разлика

ТФТ стигна и до вториот тирумф во Првата лига во рамките на 5. коло. ТФТ со 83:62 го победи Кожув и покажа дека годинава сериозно треба да се мета на новајлијата во елитата.

Домаќините доминираа во првото полувреме на двете страни од паркетот постигнаа 55 поени, а примија само 34, но се загубија во третата четвртина, а гостинот од Гевгелија немаше доволно свежина во своите редови за голем пресврт.

Кожув успеа да се врати во натпреварот, ама само делумно. Одигра убедлива трета четвртина која ја доби со 20-7, па предноста на ТФТ се „стопи“. Специфичноста на овој натпревар се потврди и во последниот период.

Фото: Екипа

loading...

Facebook