Фудбал
Крај на доминацијата, Турција има нов шампион, клуб во кој и славниот Бразилец беше резерва
Се најде тим да ја прекине доминацијата на Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче. Синоќа Турција доби нов шампион. И овој тим е од Истанбул, но Башакшехир за прв пат во својата клупска историја ја крена шампионската круна.
Клубот е формиран во 1990-та година во истоимената провинција, која брои околу 210 илјади жители. Целото име на клубот е „Истанбул Башакшехир“. Во 2017-та година заврши втор, во 2019-та го повтори успехот, а оваа, 2020-та го крена пехарот.
Но, успехот не е случаен. Постепено е вложувано во тимот, од тренерската позиција, па се до играчите. Еден добар дел од фудбалерите, се искусни играчи, кои настапувале во големите европски клубови.

Тренер е славниот турски фудбалер Бурак Окан, поранешен играч на Бешикташ, но и Галатасарај во чиј дрес го имаше врвот во кариерата, кој му донесе трансфер во италијанскиот гигант Интер. Како тренер на Башакшехир е назначен во 2019-та година.
Во својот состав овој тим ги има Гаел Клиши, поранешен дефанзивец на Арсенал и Манчестер Сити, потоа Мартин Шкртел, кој играше за Ливерпул и Фенербахче, во средниот ред вреди да се спомне Гокан Инлер поранешен член на Наполи, Удинезе и Лестер, потоа еден од најдобрите турски фудбалери Мехмед Топал, поранешен член на Валенсија и Фенербахче.

Во нападот неприкосновени беа Демба Ба, екс играч на Челзи, Њукасл, Вест Хем, Хофенхајм и малку познатиот Енцо Кривели. Овие двајца се најдобрите стрелци на тимот со 12, односно 11 погодоци, заедно со играчот за врска од БиХ, Един Вишча. Во нападот на Башакшехир е и славниот бразилец Робињо, екс играч на Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан, Сантос, кој сепак им беше резерва на Демба Ба и Енцо Кривели и сезонава одигра само 15 мечеви. Нема постигнато ниту еден погодок.
Вреди да се напомене дека следната сезона во европските купови „тројката“ најголеми турски клубови ќе го гледаме само Бешикташ кој се пласираше во ЛЕ. Галатасарај и Фенербахче имаа лоша сезона.