Connect with us

Фудбал

Крај на една ера: Марсело по освојувањето на Лигата на шампионите потврди дека го напушта Реал Мадрид

Најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид Марсело (Марсело, 34) синоќа освои уште една титула со кралскиот клуб, по што потврди дека финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул му било последно во дресот на шпанскиот клуб.

„Да, ова е мојот последен натпревар за Реал Мадрид“, изјави Марсело за „Медиасет“.

Марсело е член на Реал Мадрид од 2007 година кога пристигна од Флуминенсе. За Мадрид одигра 545 натпревари и постигна 38 гола, со 103 асистенции.

Со Реал освои дури 25 трофеи, од кои шест титули Шпанија и пет европски.

Засега не се знае што ќе прави по заминувањето од функцијата.