Connect with us

Други спортови

Крај на една кариера која многу ветуваше, на младиот играч му се закануваат 20 години затвор

Младиот НФЛ играч Хенри Рагс Трети, член на Лас Вегас Рајдерс, во вторникот предизвика тешка сообраќајна несреќа која имаше фатални последици, бидејќи животот го загуби 23-годишна девојка.

Рагс помина со полесни повреди, пренесен е во болница, но по ова ќе биде строго казнет за беснеење на пат, возење во алкохолизирана состојба. Клубот ќе поведе и дисциплинска постапка и можно е суспендирање и одземање на плата од тековниот договор.

Според новите пишувања на американските медиуми, Рагс се очекува да биде осуден на 20 години затвор, со што би му завршила кариерата, а по отслужувањето на казната нема да може да извршува никакви функции во НФЛ, дури и како тренер, претседател, директор…

Споменатата НФЛ ѕвезда ќе ангажира адвокат, а медиумите во САД пишуваат дека одењето во затвор е сигурно, прашање е само колку години ќе биде пресудата.

Споменатиот играч е роден во 1999 година и важеше за еден од НФЛ играчите кои во иднина ќе беше меѓу најдобрите во овој спорт.