Други спортови
Крај на една легендарна ера – Надал испадна од Топ 10

Тоа е првпат од 25 април 2005 година, односно по точно 6.538 дена „Бикот од Мајорка“ да не се најде меѓу десетте најдобри тенисери во светот. Да се стави ова во поинаков контекст, кога Надал првпат влезе во Топ 10, Роџер Федерер имаше четири Грен слем титули, Новак Ѓоковиќ беше 153-ти на листата, а сегашниот број 1 Карлос Алкараз имаше две години. Надал влезе во 2023 година како број два, но следеше слаб настап на Австралија опен, каде ја одбрани титулата и повреда поради која ги пропушти следните турнири. Заостана 500 поени од Акапулко, а сега и 600 поени од Индијан Велс, поради што падна четири места од претходната АТП листа.
Надал го собори рекордот по бројот на недели во Топ 10 во 2020 година, кога го престигна Џими Конорс (789) – и серијата на „Бикот од Мајорка“ запре на 910.
Апсолутниот рекорд што го држи Мартина Навратилова, која 1.000 недели е во Топ 10 на ВТА листата, ќе остане недостижен.
