Кошарка
КРАЈ НА ЕРАТА: Австралискиот кошаркар Ендру Богут ја заврши кариерата
Австралискиот кошаркар Ендру Богут објави дека ја завршил својата играчка кариера.
Победникот на шампионскиот прстен во НБА лигата со Голден Стејт Вориорс ја објави својата одлука во својот подкаст „Руж Буже“, нагласувајќи дека ја прекинува кариерата, бидејќи неговото тело веќе не може да го следи ритамот на професионалната кошарка по серијата повреди.
“Одлуката не беше лесна, но мислам дека е вистинската. Одлучив каде ќе играм следната сезона. Нема да играм никаде. Се збогувам со професионалната кошарка, одлуката ќе стапи на сила во овој момент”, рече Богут.
Со неговото повлекување, репрезентацијата на Австралија остана без најискусниот играч пред Олимписките игри во Токио следната година.
36-годишникот го напушти Сиднеј Кингс во мај, неколку месеци по откажувањето на финалето на Австралиската кошаркарска лига поради пандемијата Ковид-19.
Тој играше за Кралевите последните две сезони, а планот беше да се збогува со кошарката по Олимписките игри во Токио.
Тој ја започна својата кариера во НБА лигата во 2005 година, кога Милвоки Бакс го избра за прв пик на драфтот.
Помина седум години меѓу Бакс, а после тоа четири сезони го носеше дресот на Голден Стејт, со што ја освои шампионската титула во 2015 година.
Играше и за Далас, Кливленд и ЛА Лејкерс.