Connect with us

Други спортови

Крај на соработката со Кејхил: Халеп бара нов тренер

Симона Халеп и Дарен Кејхил ја завршија шестгодишната соработка, објави во средата романската тенисерка, со македонско-влашки корења.

„По шест фантастични години заедничка работа, Дарен Кејхил и јас одлучивме дека е време да ја прекинеме деловната соработка.

Дарен, ти благодарам за се, ме направи подобар тенисер и подобра личност“, напиша Симона.

Австралијанецот претходно еднаш го напушти тимот на поранешната прва тенисерка во светот, кога одлучи да не патува со неа од приватни причини во 2019. Меѓутоа, во 2020 година, тие повторно започнаа соработка.

За време на својата богата кариера, Кејхил работеше со легенди како Андреа Агаси и Лејтон Хјуит, потоа со Енди Марија, Ана Ивановиќ, Фернандо Вердаско и Даниел Хантучова.

Симона оваа сезона се мачеше со повреда, поради што ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон, а неодамна се омажи со македонскиот милијардер кој има влашко потекло.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама