Connect with us

Други спортови

Крај за Арбреша Реџепи, пораз уште во првото коло на ОИ во Токио

Арбреша Реџепи (Џудо) загуби со ипон од претставникот на Велика Британија Жил Челзи, во категоријата до 52 килограми, и со тоа го заврши својот настап на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Вчера, Филип Деркоски на 400 метри пливање, слободен стил заврши последен во квалификациите и имаше најслабо време од сите учесници. Сепак, колку за утеха го подобри својот личен резултат. Деркоски за секунда беше подобар од претходниот резултат (4.04), за сега да исплива за 4.03.34, со што тој освои 739 ФИНА бодови, што е убедливо најдобар резултат меѓу македонските пливачи според ФИНА табелата.

Вчера настапи уште еден македонски олимпиец, Борјан Бранковски, кој во дисциплината стрелаштво 10 метри со пиштол квалификациите ги заврши на 21 место од вкупно 36 натпреварувачи, постигнувајќи 573 поени и прецизност од 9,55, што е нов државен рекорд. Сепак, тоа не беше доволно за финале на турнирот.