Connect with us

Фудбал

Крај за Бејл во Реал Мадрид, но добил богата понуда за нов почеток?!

На Велшанецот Герет Бејл му истекува договорот со „кралевите“. Одамна е одлучено дека нема да биде продолжен, а Бејл се уште не одлучил кој ќе биде неговиот следен чекор во кариерата. Имаше информации и како 32-годишниот напаѓач е подготвен да ја заврши кариерата и дека се зависи од репрезентацијата на Велс и евентуалниот пласман на Светското првенство, но денеска пристигнува веста дека Бејл добил профитабилна понуда да ја продолжи својата кариера.

Тимот на DC United МЛС е во преговори со Бејл и му понудиле соработка со вносен договор кој наводно е поголем од цифрата што ја заработи славниот Вејн Руни во овој клуб.

Руни земал три и пол милиони долари по сезона од овој американски тим, но наводно понудата за Бејл е уште поголема и преговорите се во полн ек.

Герет Бејл на тој начин би можел да ја продолжи кариерата во МЛС, но останува да се види дали тоа навистина ќе се случи.

Велшанецот во последните години освои апсолутно се со Реал. Тој самиот постигна многу важни голови, но поради опуштениот однос кон клубот стана непријател на навивачите.

Бејл за Реал Мадрид одигра вкупно 258 натпревари и постигна 106 голови.

Реклама

Facebook