Connect with us

Други спортови

Крајот на Федерер ќе дојде побрзо отколку што мислите

Поранешниот тенисер Рејмонд Слутер, зборуваше за најдобриот на сите времиња, Швајцарецот Роже Федерер, односно за тоа кога тој планира да се повлече од аристократскиот спорт. Холанѓанецот, кој моментно ја тренира сонародничката Кики Бертенс, даде свое мислење за тоа како ќе се одвива кариерата на Федекс во наредниот период. Тој истакна дека зборовите на Федерер треба сериозно да се сфатат кога одговара на прашања поврзани со неговата кариера.

-Тој истакна дека не планира да се пензионира, барем се уште не и тоа привлече многу внимание. Не мислам дека беше лапсус, Федерер не би го направил тоа. Тој секогаш добро знае што зборува, неговите зборови се на место во текот на неговата цела кариера, откри Холанѓанецот.

Некогаш 46. тенисер во светот се присети на САД Опен, турнир на кој Федерер беше шокантно поразен од Австралиецот Џон Милман, но и некои битни детали од сезоната.

-Тој пораз се случи во неговата „куќа”, загуби меч кој го контролираше. Потоа му требаше време да се преорганизира. На турнирот во Синсинати дојде до финалето, но воопшто не изгледаше опуштено, како нешто да го мачеше цело време. Неговиот крај може да дојде побрзо отколку што очекувате, додаде Рејмонд.

Федерер сезоната ја заврши на третото место на АТП листата, а во текот на 2019 година ќе наполни 38 години и затоа многумина се прашуваат кога ќе одлучи да се пензионира и „направи место”за наредните генерации.

Федерер во својата професионална кариера има освоено 100 титули од кои 20 грен слем, шест на Австралија опен, осум на Вимблдон, пет на САД Опен и една на Ролан Гарос.