Тајмаут
Кралицата на фетишот откри: Фудбалер на Арсенал сакше да биде во женска долна облека
Клои Греј е позната во Британија како моќна дама со многу клиенти чии желби ги исполнува. 27-годишната дама има многу познати фаци меѓу своите клиенти, но нивниот идентитет го држи приватен иако секоја нивна желба ја исполнува во кревет.
Клои открива дека и поранешен играч на Арсенал е нејзин клиент, но тој имал прилично чудна желба. Тој побарал да биде облечен во секси долна облека и да биде нашминкан во кревет, што желбата му била исполнета.
„Ништо не ме изненадува бидејќи сите ме нарекуваат кралица на фетишите. Ништо не може да ме шокира бидејќи тоа го правам со години и тоа е повеќе од хоби“, вели таа.
„Моите клиенти се секогаш луѓе на високи позиции. Адвокати, полицајци, фудбалери… Да, овој фудбалер за кој зборувам потрошил околу 1000 фунти и сакал да биде облечен како девојче. Носеше целосен комплет долна облека и кармин на усните“, додава бринетата.
“За мене е апсолутно лудо како можам да ги одведам овие мажи во сосема поинаков свет. Тие имаат добри работни места и се вистински професионалци, но во нивниот личен живот прават нешто што денес е табу”, додаде Греј.