Кошарка
„Кралот Џејмс“ спортист на годината!
Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс е прогласен за спортист на годината во изборот на новинската агенција „Асошиејтед прес“. Признанието доаѓа откако го освои шампионскиот прстен со Лејкерси, во сезоната во која беше прогласен за МВП.
Леброн по четврти пат ја освојува оваа награда по 2013, 2016 и 2018. И се израмни со голферот Тајгер Вудс и со велосипедистот Ленс Армстронг.