Кошарка
„Кралот Џејмс“ влегува во политика? Доби пофалби, но и критики!
Леброн Џејмс одлучи активно да се вклучи во поддршката на протестите против полициската бруталност и расизмот во САД. „Кралот Џејмс“ започна кампања за поголемо учество на Афроамериканците на изборите во Америка, пораката е „Повеќе од глас“.
„Се надевам, еден ден, луѓето ќе ме препознаат не само според начинот на кој пристапував кон кошарката, туку и за начинот на кој му пристапив на животот како Афроамериканец“, изјави Леброн за „Њујорк Тајмс“.
За овој негов потег доби пофалби, но и критики. Џошуа Вонг еден од лидерите на продемократските протести во Хонг Хонг, напиша:
-Одбраната на демократијата е клучно, но Џејмс зборува гласно во САД. За Кина, не само што е тивок, туку и активно ги замолчува другите. Него му е грижа само за парите, не за човековите права. Лицемерно, напиша Вонг на Твитер.
Пред две недели полицаец на должност го усмрти Афроамериканецот Џорд Флојд. Полицаецот е во затвор, ќе му се суди за убиство, а протестите ширум Америка и натаму траат. Голем дел од овие демонстранции се насилни, а уапсени се илјадници лица. Како знак на поддршка имаше протести и во неколку европски градови.