Connect with us

Фудбал

Кремонезе ја шокираше Рома, Мурињо збесна, па доби црвен картон (ВИДЕО)

Кремонезе ја совлада Рома со 2:1 и ја спречи да се израмни бодовно со Интер и Милан. Кремонезе поведе со голот на Тсаџу во 13та минута. Рома израмни преку Спинацола во 77-ма, но домаќините стигнаа до победа во 82-ра откако Циофани погоди од пенал. Ова е прва победа на Кремонезе во Серија А во оваа сезона. Од друга страна Мурињо по трет пат заработи црвен картон. Во 46-та минута збесна на клупата, имаше реакции кон судиите, па беше испратен на “ладење”.