Други спортови
Крихмаер стигна до второто злато на Светскиот куп
По освојувањето на златниот медал во супервелеслалом, Винсент Крихмаер беше и најдобар во спуст на Светското првенство во алпско скијање.
Крихмаер славеше на патеката во Кортина Д’Ампецо со време 1: 39,79. Второто место и припадна на Андреа Сандер.
Подиумот го комплетираше Бит Феуз. Швајцарскиот скијач на крајот заостануваше 18 секунди од победникот.
Со два златни медали, Крихмаер се изедначи со две легенди, Херман Мејер и Боде Милер, кои ги постигнаа истите резултати во Вејл во 1999 година и Бормио во 2005 година.
Инаку, од претходното Светско првенство што се одржа во Аре, 29-годишниот Австриец од Линц освои сребрен во супервелеслалом, и бронзен во спуст.