Фудбал
Криштоф Пјатек потпиша за Херта!
Полскиот напаѓач Криштоф Пјатек и официјално е претставен како ново засилување на Херта.
Пјатек реши да го напушти Милан откако Златан Ибрахимовиќ го зазеде неговото место во врвот на нападот. Неколку клубови покажаа интерес за Полјакот, но за изненадување на многумина тој ја избра Херта.
Пјатек потпиша долгогодишен договор со Херт и во овој клуб ќе го носи дресот со број седум.
„Јас сум многу среќен што се случи овој трансфер. Сакам да и помогнам на Херта да ги исполни нејзините цели и драго ми е што сум дел од овој клуб“, рече Пјатек по потпишувањето на договорот.
https://www.facebook.com/herthabsc/photos/a.199164927568/10157256111342569/?type=3