Connect with us

Ракомет

Криштопанс се отвори: Вардар ми должи пари, Самсоненко треба да го исполни ветувањето

Екс ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс се отвори за руските медиуми. Зборуваше за времето поминато во Скопје и одлуката да замине.

Како што вели тој во интервју за РУСКИ ПОРТАЛ, Вардар му должи пари и дека Самсоненко ветил до крајот на годината дека ќе ги исплати долговите.

-Вардар ми должи пари. Самсоненко кажа дека ќе ме исплати до крајот на годината. Се надевам дека ќе биде така, вели Криштопанс кој притоа додава

– Постојано добивавме ветувања кои не се исполнуваа. Знаевме дека Михајло Михајловски ќе го преземе клубот, но него повеќе го интересираше тоа што ќе се случува следната сезона, по што заминав во Берлин, изјави тој.