Фудбал
“Кристијано ќе биде успешен во Јувентус, нема лига во која не би бил”
Еден од оние кои веруваат дека Кристијано Роналдо ќе биде успешен во Јувентус е неговиот соиграч Бруно Алвес.
Дефанзивецот на Глазгов Ренџерс во интервјуто за “О Јого” рече дека Роналдо е многу мотивиран кога станува збор за новиот предизвик и дека ќе биде од клучно значење ако оди во Јувентус.
“Кристијано Роналдо ќе освојува трофеи и Јувентус не постои лига во која тој не би бил успешен. Тоа е веќе докажано дека трофеи може да освојува во било која земја и Италија не се разликува”, изјави Алвес и продолжи:
“Бев на негова страна за време на бројни борби во последните 12 години и знам колку е мотивиран. Многу е важно кога ќе го прифатите новиот предизвик”.
Последните денови странските медиуми се повеќе пишуваат дека Роналдо ќе премине во редовите на Старата дама, се шпекулира дека трансфер ќе биде во вредност од околу 100 милиони евра, а Роналдо во Торино, ќе заработува 30 милиони евра годишно.