Фудбал
Кристијано почитува само тројца соиграчи од Манчестер Јунајтед
Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо продолжува да предизвикува турбуленции во Манчестер Јунајтед откако беше објавено неговото целосно интервју со британскиот новинар Пирс Морган. На виделина излегоа нови откритија од 37-годишниот напаѓач.
За време на интервјуто, Морган го праша Кристино кои играчи ги почитува во Манчестер Јунајтед. На големо изненадување на приврзаниците на „црвените ѓаволи“, Роналдо кажа три имиња, не вклучувајќи го и неговиот соиграч од Португалија, Бруно Фернандеш.
„Во Манчестер Јунајтед можам да посочам на млад и талентиран играч кој ми се допаѓа – Диого Далот, тој е исклучителен професионалец. Не се сомневам дека ќе има долга и добра фудбалска кариера бидејќи е млад, паметен и голем професионалец. Многу ги почитувам Касемиро и Лисандро Мартинез“, изјави Кристијано за Пирс Морган.