Connect with us

Тајмаут

Кристијано повторно воодушеви со фотографија од тренинг: Изгледа како терминатор! (ФОТО)

Кристијано Роналдо во неговата вила во Мадеира се подготвува да ја продолжи фудбалската сезона.

Продолжението на италијанската Серија А е планирано за крајот на мај, а сезоната се очекува да заврши кон средината на јули.

Секако, Кристијано не одмора. Секој ден тој жестоко се подготвува и нема дилема дека ќе биде целосно подготвен да ја дочека сезоната.

Секако, ништо не може да направи без да објави фотографии на Инстаграм. Роналдо често ги воодушевува своите фанови, а новата фотографија од теретаната повторно покажува дека се работи за „машина“.

Што да се каже повеќе за овој човек, за неговиот изглед?