Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо да се уапси и да се депортира, адвокат во Саудиска Арабија покренува иницијатива

Доволно беше навивачите на Ал Хилал да почнат да скандираат „Меси, Меси“ за Кристијано Роналдо да ги изгуби нервите. Поради скандалот сега бараат да го депортираат од Саудиска Арабија.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, беше многу нервозен на претходниот меч што неговиот Ал Наср загуби од Ал Хилал (2:0) и направи скандал за кој зборува цела Саудиска Арабија.

Не поради давењето противничкиот играч, туку непримерниот одговор кон авивачите кои по натпреварот му скандираа „Меси“ во обид да го испровоцираат. Не е првпат противничките навивачи да сакаат да предизвикаат реакција кај Роналдо, а овој пат португалскиот напаѓач реагираше со фаќање по гениталиите, што го забележаа и камерите, а не требаше многу да се крене голема бура во ригорозни Саудиска Арабија.

Така, адвокатот Нуф бин Ахмед, кој работи за Обединетите нации, на Твитер објави дека ќе започне петиција во Саудиска Арабија за апсење и депортирање на Кристијано Роналдо поради неговиот скандалозен потег.

Секако, ова предизвика лавина коментари, како од оние кои го оправдуваат овој потег, така и од оние кои со неверување гледаат што се случува со Роналдо, а засега никој од надлежните од министерството не реагирал.

„Не следам спорт. И публиката да го испровоцира Роналдо, тој не требаше така да реагира. Однесувањето на Кристијано Роналдо е кривично дело кое во случај на странец, според нашиот закон, е предмет на апсење и депортација. Ќе поднесеме петиција до надлежното Министерство по неговиот потег“, рече тој. Саудиски адвокат.