Connect with us

Тајмаут

Кристијано Роналдо е крунисан за најдобар на светот во Дубаи

Роналдо е крунисан за најдобар фудбалер во светот за 2019 година на „Дубаи Глоуб Сокер Авордс“, церемонија која се одржа во Дубаи.

Португалецот е награден за своите игри и 40 погодоци откако му се приклучи на Јувентус, титулата во Серија А, како и триумфот во првото издание на Лигата на нации. Роналдо го добива признанието четврта година по ред, a истото го организираат Европската клупска асоцијација и Европската асоцијација на агенти.

За најдобра фудбалерка во 2019 година во светот во Дубаи, наградата ја доби Луси Бронз која настапува за Лион и репрезентацијата на Англија, додека за најдобар тренер е прогласен Јирген Клоп од Ливерпул. Најдобар голман е Алисон Бекер од Ливерпул.

Најдобрите академии ги имаат Бенфика и Ајакс, најдобар клуб е Ливерпул, а за најдобар агент е прогласен Хорхе Мендеш. Посебни признанија добија и Рајан Гигс, Миралем Пјаниќ, Едвин ван дер Сар…