Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо ги промени плановите

Кристијано Роналдо е во Мадеира повеќе од еден месец поради пандемијата на коронавирус.

Роналдо денеска треба да се врати во Торино, меѓутоа, „Рекорд“ доцна синоќа објави дека имало промена во плановите.

Така искусниот фудбалер заедно со семејството ќе престојува во родниот град уште неколку дена пред да се врати во Италија, каде го чека 14-дневен престој во изолација.

Јувентус започна да ги собира странските играчи, бидејќи ќе им биде дозволено да тренираат индивидуално од 4 мај, додека колективниот тренинг ќе започне на 18 мај.

Засега, само Миралем Пјаниќ се врати во Торино, додека враќањето на другите се чека во наредните денови. Единственото прашање е што ќе се случи со Гонзало Игуаин, кој е во Аргентина и се грижи за својата болна мајка.