Тајмаут
Кристијано Роналдо го носи најскапиот Ролекс во светот
Ако некогаш сте се запрашале кој го носи најскапиот Ролекс во светот, го имате одговорот.
Тоа е ѕвездата на Јувентус и најбогатиот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо.
Ова го објавува „The Sun“ која се здоби со фотографија од месец јануари на која Роналдо носи „Rolex GMT Master Ice “ во вредност од нереални 371 илјади фунти.
Се работи за 18-каратно бело злато украсено со околу 30 бели дијаманти кои се поставени над рамката и нараквицата.

Роналдо го носеше овој часовник во Дубаи за време на церемонијата „Globe Soccer Awards“, а истијот може да се забележи на негова рака и на некои фотографии што ги објавува на Инстаграм.
Не е ни чудо што само Португалецот може да си дозволи толку скап часовник, со оглед дека тој неодамна стана првиот фудбалер во историјата што заработи милијарда долари. Секако, повеќето од тие пари му пристигнале од спонзорски договори, додека помалиот дел им припаѓа на договорите со клубовите во кои играл.
Со оглед на тоа дека Португалецот веќе има 35 години, крајот на неговата кариера е секако близу, но нема сомнение дека ќе заработува добро и после тоа, затоа што веќе направи добра основа во однос на некои приватни работни што ги започна.