Фудбал
Кристијано Роналдо и официјално е милијардер!
Кристијано Роналдо е првиот фудбалер во историјата кој стана милијардер.
Магазинот „Форбс“ вечерва објави дека славниот Португалец влегол во друштво на милијардери и тој е првиот фудбалер што успеал во вакво нешто.
Роналдо е исто така третиот активен спортист кој ја достигна оваа бројка. Претходно, славните боксери Флојд Мејведер и Тајгер Вудс достигнаа милијарда за време на нивните кариери.
Football‘s 1st ever billionaire, as per @Forbes: Cristiano Ronaldo ? pic.twitter.com/WLtNUqGwLO
— Adriano Del Monte (@adriandelmonte) June 4, 2020
Роналдо со години е меѓу најплатените фудбалери во светот. Покрај неговата плата во Јувентус од 30 милиони евра годишно, тој заработува многу пари и надвор од терен и успеа да ја надмине магичната бројка од милијарда долари.
Со оглед на тоа како игра на 35-годишна возраст и дека сè уште е многу пожелен меѓу спонзорите, нема сомнение дека во наредните години оваа бројка ќе стане уште поголема.