Ал Наср на гостувањето кај Ал Фатех славеше со 5:0, а своја вечер имаа Кристијано Роналдо и Садио Мане. Португалецот постигна хет-трик и една асистенција, додека Мане запиша два голови до неговото име. По двата порази во воведните две кола од новата сезона, ова е прва победа на Ал Наср.