Тајмаут
Кристијано Роналдо изгуби повеќе од 2 милиони следбеници на Инстаграм
Инстаграм во понеделникот одлучи да ги отстрани сметките на многу корисници. Оваа одлука се одрази и на бројот на следбеници на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.
Како што пренесуваат светските медиуми, Роналдо поради ваквата одлука на Инстаграм изгубил повеќе од 2.000.000 следбеници, кој избришал огромен број профили бидејќи се верувало дека се лажни.
Роналдо сега има 492 милиони следбеници на интернет, што го става на второ место кога се во прашање следбениците на Инстаграм.