Фудбал
Кристијано Роналдо може да се врати во Реал Мадрид
Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо на лето би можел да направи сензационално враќање во Реал Мадрид , тврди британскиот весник „Мирор“.
37-годишниот напаѓач има добра сезона во Манчестер Јунајтед откако минатото лето беше привлечен од Јувентус , а и покрај слабата форма на „црвените ѓаволи“ продолжува да постигнува голови. Има 23 гола, од кои 17 се во Премиер лигата .
Неговиот настап на Островот не остана незабележан во Мадрид и голем број важни фигури во тимот на тренерот Карло Анчелоти лобираа за негово враќање. Португалецот има договор за уште една сезона на Олд Трафорд, но може да не го исполни.
На лето Манчестер Јунајтед ќе го преземе Холанѓанецот Ерик тен Хаг, кој ќе излезе со нови идеи за клубот.
Роналдо има богата историја со Реал Мадрид. Тој играше за клубот помеѓу 2009 и 2018 година, освојувајќи 15 трофеи и четири пати освојувајќи ја Златната топка.