Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо од скандал во скандал, прво даваше противнички играч, а потоа го покажа меѓуножјето на навивачите (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо не е оној стариот. Не сме навикнати да го гледаме во вакво издание Португалецот и еден од најдобрите на сите времиња кој треба да биде пример за милиони деца, последните негови испади секако не треба да се следат.


Ал Наср го загуби дербито против Ал Итихат со 2:0, Роналдо беше нервозен. Откако при еден дуел буквално давеше противнички фудбалер и со боречки зафат го собори, на пат кон соблекувалната им го покажа меѓуножјето на навивачите, откако тие му скандираа „Меси, Меси, Меси“…