Фудбал
Кристијано Роналдо позитивен на коронавирус
Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус, соопштија попладнево од Португалската фудбалска федерација.
Според изјавата, Роналдо е „добро, без симптоми и во изолација“.
35-годишниот напаѓач на Јувентус во неделата играше за Португалија против Франција во Лигата на нациите и минатата недела против Шпанија на пријателскиот натпревар.
Роналдо сега ќе го пропушти следниот натпревар на неговата земја во Лигата на нации против Шведска во среда, како и претстојните натпревари на Јувентус кои вклучуваат пресметка во Серија А со Кротоне и натпревар во групата во Лигата на шампионите против Динамо Киев.