Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо вечерва го достигна Малдини, а пред него е само Икер Касиљас

Фудбалерите на Јувентус вечерва играат против Локомотив Москва во четвртото коло од групната фаза од Лигата на шампиони.

Старата дама е на прво место по три одиграни натпревари со седум бода, како и вицешампион Атлетико Мадрид. Јуве вечерва оди на победа во Москва, при што Маурицио Сари испрати скоро најсилен состав на теренот.

Од првата минута вечерва игра и Кристијано Роналдо, со што се изедначи рекордот на легендарниот Паоло Малдини. Имено, Малдини во својата богата кариера има одиграно 174 европски натпревари кои се под УЕФА, а Роналдо вечерва го изедначи тој рекорд.

Пред португалскиот играч сега е неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Икер Касиљас, кој има одиграно 188 натпревари во Европа играјќи за Реал и Порто.

Португалците имаат одиграно европски натпревари со Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.