Тајмаут
Кристијано Роналдо во декември на суд, американска манекенка го обвинува дека ја силувал
Американската манекенка Кетрин Мајорга и Кристијано Роналдо повторно ќе се сретнат, очи во очи, но овој пат на суд во Невада, во САД. Кетрин изјавила дека Роналдо ја силувал во 2009-та година во луксузен хотел во Лас Вегас. Како што тврди таа, по овој чин, наводно Португалецот и платил 325 илјади евра за да молќи.
Многу нелогичности во овој случај. Она што го наведуваат шпанските медиуми е тоа дека под притисок на Реал Мадрид, за кого тогаш играше Роналдо, фудбалерот морал да спречи целиот случај да излезе во медиумите, а тој тврди дека не ја силувал спомнатата Американка. Кралскиот клуб токму тоа лето го донесе Роналдо од Манчестер Јунајтед за 94 милиони евра, па не сакале веднаш скандали.
Откако пропаднал првиот обид да отвори случај, Кетрин поднела цивилна тужба против Роналдо, па фудбалерот во декември ќе мора да се соочи со неа во судница. Таа тврди дека претрпела ментални штети од сето она што го доживеала. Поднела документи од психијатар и терапевт дека не била при здрав разум кога го потпишала документот и го прекршила во 2018-та година, бидејќи според нејзината изјава, во тој момент не била свесна што потпишува.
Сепак, Роналдо ги отврфлува сите обвинувања, а на судот веројатно ќе мора да се појави.