Connect with us

Фудбал

Кристијано се извини за својот грд чин

Кристијано Роналдо јавно се извини за саботниот инцидент во кој се чинеше дека му скршил телефон на навивач. 37-годишниот Португалец беше видно нервозен по натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон и не ги контролираше нервите во соблекувалната по натпреварот на Гудисон Парк. Потсетуваме, „црвените ѓаволи“ загубија со 0:1 од гостувањето кај борецот за опстанок во англиската елита Евертон и ги намалија шансите за влез во Топ 4.

По инцидентот, Роналдо без да прецизира што точно се случило, со порака на Инстаграм се извини за своето однесување. „Никогаш не е лесно да ги контролирате своите емоции во тешки времиња како овој што го доживуваме во моментов. Сепак, секогаш мораме да бидеме почит, трпеливи и да им даваме пример на младите кои ја сакаат оваа прекрасна игра.

Би сакал да се извинам за мојот испад и, доколку е можно, би сакал да го поканам овој фудбалски навивач да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј и спортски дух“, напиша португалската суперѕвезда на социјалните мрежи.

Има аутизам и првпат дојде на гледа натпревар, а потоа Роналдо го удри по раката и му го скрши телефонот (ВИДЕО)