Други спортови
Кристоферсен стигна до злато на СП во слалом од 16 .место по првата трка
Благодарение на неверојатното второ возење, Хенрик Кристоферсен стана светски шампион во слалом во францускиот зимски центар Куршевел.
Норвежанецот беше само 16-ти по првата трка, но потоа скијаше спектакуларно на втората трка постигнувајќи најдобро време и со вкупно време од 1:39.50 стигна до највисоката чест.
Ги издржа нападите на преостанатите 15 натпреварувачи и Кристоферсен почна да слави. Второто место му припадна на Еј Џеј Гинис од Грција. Момче од Вулијагмени го освои првиот медал во историјата на земјата Елена во скијање. Заостануваше 20 стотинки зад победникот.
Светскиот јуниорски шампион Алекс Винасер заврши со бронзен медал со минус 38 стотинки. Французинот Клемент Ноел беше четврти, додека Германецот Себастијан Холцман заврши на петтото место.
Оваа трка стави крај на планетарниот шампионат во Франција.