Connect with us

Фудбал

Криза во Барселона, укинати оброците за фудбалерите, нема сите да јадат во клупската менза (ФОТО)

Се чини дека Барселона е во голема финансиска криза. Новиот потег на раководството го потврдува тоа. Имено, како што објавија тамошните медиуми, клубот одлучил да го раскине договорот со компанијата која во изминатите неколку години беше задолжена за набавка и подготовка на храна и оброци за фудбалерите од Б тимот на Барселона. Според информациите, одлуката е пред се од финансиски аспект, па членовите на резервниот тим повеќе нема да можат да јадат во клупската менза помеѓу тренинзите, туку за храна ќе одат дома. Станува збор за два дневни оброци, доручек и ручек.