Фудбал
Кризата на Реал продолжува, Виљареал прв пат слават победа над кралскиот клуб
Реал Мадрид е во криза од почетокот на сезоната, но последните 3 натпревари екипата од Мадрид нема забележано триумф. Натпреварот кој стави печат на кризата е натпреварот од Копа Дел Реј со Нумансија.
Не се работи за кој било клуб, туку за актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид кој е најголемата мизерија во моментов во Европа. Вечерва тимот на Зинедин Зидан е совладан пред своите навивачи од Виљареал (0-1), првпат во историјата на меѓусебните дуели.
Реал имаше повеќе од играта, упати 20 шута кон противничкиот гол, но не ја затресе мрежата на фантастичниот Асенхо кој имаше свој ден. Казната стигна во 88. минута кога Форналс на прекрасен начин го совлада Навас и му донесе три бода на Виљареал.
За волја на вистината, на голот му претходеше чиста офсајд позиција од Унал, а пред крајот на првото полувреме не беше досуден чист пенал за Кристијано Роналдо. Но, тоа не е оправдување за тимот кој утре може да заостанува и 19 бода во однос на Барселона, а во опасност му е доведено и четвртото место во Ла Лига што води во Лигата на шампионите.