Connect with us

Фудбал

Крос даде интервју за Реал Мадрид ТВ, па се шокираше кога беше објавено видеото: „Зошто?“

Фудбалерот на германската репрезентација Тони Крос даде интервју за официјалниот канал на Реал Мадрид пред почетокот на сезоната.

Сезоната за „Кралскиот клуб“ продолжува на 12 јуни, а фудбалерите се подготвуваат со полна пареа со недели.

Крос даде интервју за „Реал Мадрид ТВ“ пред остатокот од сезоната, и беше зачуден кога го гледаше видеото. Тој го даде интервјуто на шпански јазик, но тие сепак оставија превод на шпански и англиски во видеото.

Не му беше јасно на германскиот репрезентативец зошто шпанскиот превод се наоѓа во видеото, затоа што тој зборуваше на тој јазик, а набрзо се огласи на Твитер поради тоа.