Фудбал
Крос ги откри плановите: Англија? Па, не …
Германскиот фудбалер Тони Крос (30) изјави дека има намера да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.
Крос е на „Сантијаго Бернабеу“ од 2014 година кога се пресели од Баерн, во меѓувреме тој освои скоро сè што може да се освои и е меѓу најтрофејните германски фудбалери во историјата.
Неодамна се пишуваше дека Крос може да се испроба во Англија, каде го бара Манчестер Сити, но неговите планови за кариерата се различни.
„Мојот договор важи до 2023 година и јас дефинитивно планирам да го одработам тоа до крајот. На 33-годишна возраст, ќе морам да се запрашам: колку сум физички подготвен, колку мотивација имам и како да продолжам“, рече Крос за „Еуроспорт“ и не ја исклучува опцијата да се продолжи договор:
„Ако мислам дека можам да направам повеќе, тогаш ќе кажам, ОК, ќе останам уште една година овде затоа што сè уште сум доволно добар и така се чувствувам“.
Тој нема намера да замине во Англија.
„Не можам да замислам да се преселам во англиската лига, која е многу силна и физички многу тешка, на 33-годишна возраст“, подвлече Крос.
Оваа сезона, сметајќи ги сите натпреварувања, Крос одигра 33 натпревари за Реал и постигна пет гола и девет асистенции.