Фудбал
Крос живее во Мадрид веќе пет години и никогаш не отишол во центарот на градот
Тони Крос со години е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, а неговиот трансфер во Реал Мадрид е можеби најдобриот во изминатата деценија во однос на инвестициите.
Неодамна во шпанските медиуми се појави документарен филм, кој открива многу тајни од приватниот живот на Крос.
Германецот во соблекувалната го викаат „Ајсмен“ поради неговиот „ладен“ темперамен, секогаш игра во бели копачки, неговиот дедо воопшто не сака многу тетоважи, но исто така има уште еден необичен податок.
Имено, иако е жител на Мадрид повеќе од 5 години, никогаш не отишол во центарот на шпанската престолнина, што звучи малку неверојатно.
Крос потпиша за Реал во летото 2014 година, кога пристигна од Баерн за само 25 милиони евра, што е практично „малку“ со оглед на износите наменети за приближно квалитетни играчи.
Со „Лос Бланкос“, тој освои сè што можеше да се освои. Иако е во сенка на најголемите ѕвезди на Реал, тимот на Зинедин Зидан е невозможно да се замисли без овој 30-годишник.