Connect with us

Други спортови

Короната повторно во преден план: Откажан традиционалниот натпревар во скијачки скокови!

Коронавирусот создава нови проблеми во светот на спортот.

Сведоци сме на одложување на натпреварите во Англија и некои други европски земји, а сега и официјално е откажано едно од традиционалните натпревари во ски скокови.

Јапонскиот Сапоро потврди нов бран на пандемијата на коронавирус и ги одложи натпреварите во Светскиот куп за ски скокачи од 21-ви на 23-ти јануари.

Долги години Сапоро беше домаќин на најдобрите натпреварувачи во ски скокови во средината на јануари, но сега тие беа принудени да го одложат. Инаку, скокалницата во Сапоро е една од оние каде што редовно се одржуваат натпревари речиси секоја сезона.

ФИС веднаш реагираше и го најде германскиот Титисие Нојштад како замена, но овие натпревари најверојатно ќе поминат без присуство на гледачи.

Да потсетиме, викендов Светското првенство е во Енглеберг, Швајцарија, по што следи божиќна пауза, а потоа започнува новогодишната турнеја „Четири скокалници“.