Connect with us

Други спортови

Кубанците освоија четири олимписки медали во разлика од три часа

Возбудата продолжи на Олимпијадата во Токио.

Денешната програма особено ќе ја паметат спортистите од Куба.

За три часа оваа земја освои четири олимписки медали.

Кубанците прво славеа во скок во далечина. Мигел Ечеварија го освои сребрениот медал, а Мајкел Маса ја освои бронзата.

После тоа, Јаиме Перез освои бронза во фрлање диск, а Леурис Пупо го заврши неверојатниот ден за Куба со освојување на сребрен медал во стрелаштво во дисциплина пиштол на 25 метри.

Куба досега освои осум медали на Игрите, од кои два златни, три сребрени и три бронзени.

Facebook