Connect with us

Ракомет

Кубеш: Најголема опасност ни е Лазаров – „Македонија ќе падне во Виена“, вели еден од најдобрите ракометари на Чешка

Иако има 40 години, Лазаров се уште претставува сериозна закана за противниците, па токму и играчите од Чешка најповеќе се плашат од нашиот капитен Кирил Лазаров.

„Сите знаеме дека најголемата опасност за нашиот гол е Кирил Лазаров. Тој не само што лесно постигнува голови туку и има одлична соработка со соиграчите. Затоа не треба да отстапуваме од нашиот систем, бидејќи ако се случи тоа ќе се отвори дупка на некое место“, изјави Даниел Кубеш.

Еден пак од најдобрите ракометари на Чешка, Ондреј Здрахала верува дека Македонија вечерва ќе падни во Виена.

„Со новиот систем на натпреварување само две селекции од групата одат понатаму. Ситуацијата во нашата група е така што навистина не можам да ветам дека сигурно ќе играме во втората фаза, но може да се случи сценарио во истото да влеземе со два бода. Затоа сметам дека немаме друг избор и ќе ја победиме Македонија“, изјави денеска Ондреј Здрахала.

Натпреварот Чешка-Македонија е денеска од 16.00 часот.