Поврзи се со нас

Фудбал

Куман: Фудбалската интелигенција на Меси е на највисоко ниво, тој веднаш ја гледа целата поента

Барселона, 18 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги сподели своите впечатоци од соработката со напаѓачот на каталонскиот клуб, Лионел Меси.

– Лионел има фантастичен поглед на нештата. Меси е многу интелигентен фудбалер, неговата техника е совршена. Тој носи одлука во последен момент, буквално дел од секундата му е доволно. Кога работиме на тренинг, мојот асистент ја објаснува задачата во мешавина од шпански и англиски јазик, јас исто така можам да додадам нешто на шпански, но на Меси не му треба. Објаснување. Тој веднаш ја согледува целата поента. Неговата фудбалска интелигенција е на максимум, истакна Куман.

Холанѓанецот дојде на тренерското место во Барселона ова лето и под негово водство тимот на четири натпревари има две победи, еден нерешен резултат и еден загубен меч. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама