Фудбал
Куман ги отпиша и нив, но двајца фудбалери го убедуваат Меси да остане во Барселона
Втор ден по ред Лионел Меси не се појавува на тренинзите на Барселона. Веројатно ова е знак дека не планира да го носи веќе дресот на каталонскиот тим каде е веќе 20 години. Најновите информации велат дека Меси воопшто не одговара на пораките на првиот човек на тимот Жозеп Бартомеу.
Но, во шпанските медиуми се појави информација дека двајца фудбалери го убедуваат Аргентинецот да остане во Барселона. Интересно е тоа што и тие двајца не се на списокот на играчи на кои тренерот Куман ќе смета за следната сезона.
Наводно Суарез по денешниот тренинг заминал кај Меси сакајќи да го убеди Аргентинецот да остане во клубот каде ја помина целата своја кариера. Наводно, никој од другите играчи на Барселона не го контактирал Меси по тоа прашање, освен Суарез и Видал.