Connect with us

Фудбал

Куман одлучил, се знае наследникот на „десетката“ на Меси

Меси е решен да замине, не се појави на тестирањето за коронавирусот во пресрет на стартот на подготовките, а за идната недела закажан е состанок помеѓу Жозеп Бартомеу и таткото на „Волшебникот“, кој воедно е и негов менаџер.

Сепак, според „Мундо Депортиво“, тренерот на Барселона, Куман му порачал на раководството на тимот дека доколку замине Меси не смее да се случи продажба на Фелипе Кутињо, кој во изминатата сезона играше како позајмен во Баерн Минхен и со кого освои триплета, се разбира и пехарот во ЛШ.

Наводно, Куман воедно соопштил на раководството на Барселона дека доколку Аргентинецот следната сезона не биде тука, неговата “десетка“ ќе ја носи токму Кутињо.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com