Фудбал
Куман: Сакав повеќе засилувања, ама проблем беа финансиите на Барса
Холанѓанецот ја „исчисти“ Барселона од играчи кои не ги посакува во својот тим, па заминаа Луис Суарез, Видал, Ракитиќ, Артур и Рафиња, а ако имаше купец ќе си одеше и Лионел Меси.
„Составот е добар, задоволен сум од тимот кој го имам. Се обидовме да го засилиме тимот и на некои позиции успеавме, а на некои не. Тоа беше поради финансиската ситуација во клубот. Така што, мораме да ја прифатиме реалноста и да продолжиме да работиме“, изјави Куман.
Роналд Куман ја презеде клупата на Барселона по заминувањето на Кике Сетиен. Барселона според најавите бележи загуба од околу 100 милиони евра.