Connect with us

Фудбал

Куман се закани: Оној што ги објави податоците сакаше да го навреди Меси, ќе плати за тоа!

И натаму трае „бурата“ во Шпанија откако медиумите објавија детали од договорот на Меси вреден нето 555 милиони евра. Ова предизвика лавина реакции, но воедно се бара и „кртот“ односно  човекот кој ги изнел тие информации во јавноста.

Во низата реакции се јави и тренерот на Барселона Роналд Куман.

Долго време сите знаеме дека тој е најдобриот на светот. Меси направи многу за клубот. Тој ги решава натпреварите. Не сум го видел помотивиран во изминатите неколку дена. Треба да се почитува сè што направил. Оној што ги објави податоците сакаше да го повреди и тој ќе плати за тоа. Повеќе нема место за него во клубот, изјави Куман.